TopicДоблести и манири
288 hadiths
288 hadiths
Ебу Муса, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега. Потоа, Пратеникот го рецитирал ајетот: ,Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.‘“ [Худ: 102].متفق عليه
Зејд бин Еркам, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Нема да ви кажам ништо освен она што го говореше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тој велеше во својата дова: „Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од немоќ, мрзеливост, кукавичлак, скржавост, старечка изнемоштеност и од казната во гробот. Аллаху мој, подари ѝ на мојата душа богобојазливост и очисти ја; Ти си најдобриот што ја чисти, Ти си нејзин Заштитник и Покровител. Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од знаење што не користи, од срце што не е исполнето со стравопочит, од душа што не се наситува и од дова што не се прима.“رواه مسلم