64 hadiths
Енес ибн Малик, радијаллаху анху, вели: Во една прилика Аллаховиот пратеник, алејхи селам, јавал а зад него, на истата јаваница бил и Муаз. Во едне момент тој му се обратил велејќи: „.О, Муаз бин Џебел!‘, Муаз одговорил: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и те слушам!‘ Потоа повторно го повика: ,О, Муаз!‘, тој пак му одговори: ,Ти се одѕивам, Аллахов пратенику, и ти се покорувам.‘ Тоа се повтори и по трет пат, а Пратеникот му рече: ,Секоја личност која искрено од своето срце ќе посведочи дека не постои вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Негов Пратеник, а да не му биде забранет џехенемскиот огин.‘ Муаз го прашал: ,Аллахов Пратенику, дали да им го пренесам ова на луѓето, за да бидат среќни?‘ Пратеникот му рече: ,Ако тоа го направиш ќе се опуштат.‘ Сепак, при крајот на својот живот, Муаз сепак им го пренел на луѓето од страв да не направи грев (ако не пренесе говор на Аллаховиот пратеник).“متفق عليه
Ебу Умаме ел-Бахили, Аллах нека е задоволен со него, рекол:
„Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ,Читајте го Куранот, зашто на Судниот ден тој ќе дојде како застапник за тие што го читале. Читајте ги двете светлини – Ел Бекаре и Али Имран – бидејќи на Судниот ден ќе дојдат како два облака, или две сенки, или две групи птици со раширени крилја, застапувајќи се за оние што ги читале. Читајте ја сурaта Ел-Бекаре, затоа што нејзиното изучување носи благослов, а нејзиното напуштање е загуба, а маѓепсниците не можат да ѝ се спротивстават.‘“رواه مسلم
Муаз, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Заедно со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бевме качени врз магаре кое се викаше Уфејр. Тој ми рече: ,О Муаз, дали знаеш кое е правото на Аллах врз Неговите робови и кое е правото на робовите кон Аллах?’ Јас одговорив: ,Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат.’ Тој ми рече: ‘Правото на Аллах врз Неговите робови е да Го обожуваат и никого да не Му припишуваат како здруженик. Правото на робовите кон Аллах е да не го казни оној кој не Му припишува ништо како здруженик.’ Јас прашав: ,О, Аллахов Пратенику, дали да ги известам луѓето за ова?’ Тој ми рече: ,Не ги известувај, за да не се потпрат на тоа.’”متفق عليه
Од Абдуллах ибн Амр ибн ел Ас, радијаллаху анху, се пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратене салават врз мене, зашто оној кој ќе испрати еден салават кон мене, Аллах ќе испрати врз него десет салавати.
Потоа, замолете Го Аллах да ми го подари Весилех, зашто тоа е едно посебно место во Џенетот, кое му припаѓа само на еден од Аллаховите робови, и се надевам дека тоа сум јас.
Кој ќе побара Весилех за мене, нему ќе му припадне мојот шефаат.“رواه مسلم
Од Осман ибн Ебул Ас, радијаллаху анху, се пренесува: дека дошол кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и му рекол:
„,О Аллахов Пратенику, шејтанот се испречува помеѓу мене и мојот намаз и моето читање (Куран), и ми ги меша мислите.‘
Па Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
,Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево (со лесно исфрлување на здив, без плунка).‘“
Осман рекол:
„Па го направив тоа, и Аллах го оддалечи од мене.“رواه مسلم