231 hadiths
Од Мадан бин Ебу Талха ел-Ја‘мери се пренесува дека рекол: Се сретнав со Севбан, ослободениот роб на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го прашав: „,Кажи ми дело кое, ако го практикувам, Аллах ќе ме внесе во Џенетот?‘ Или реков: ,Кое е најомиленото дело кај Аллах?‘ Тој молчеше. Го прашав повторно, но тој пак молчеше. Кога го прашав по третпат, тој ми рече: ,Го прашав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за истото и тој ми одговори:
Често паѓај му ничкум на сеџда на Аллах, бидејќи секоја сеџда што ќе Му ја направиш Нему, Тој ќе те воздигне за еден степен и ќе ти избрише еден грев.‘
Мадан продолжи: ,Потоа се сретнав со Ебу Дерда и го прашав за истото, и тој ми одговори исто како што ми одговори Севбан.‘“رواه مسلم
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О Ебу Сеид! Оној што ќе биде задоволен со Аллах како Господар, со исламот како вера, и со Мухамед како веровесник – за него Џенетот станува задолжителен.“
Тоа многу го зачуди Ебу Сеид, па рече:
„Повтори ми го тоа, о Аллахов пратенику!“
Тој му го повтори, а потоа додаде:
„Има уште едно дело преку кое робот ќе биде воздигнат за сто степени во Џенетот – а растојанието меѓу секој степен е колку растојанието помеѓу небото и земјата.“
Рече: „А кое е тоа, о Аллахов пратенику?“
Тој одговори: „Џихадот на Аллаховиот пат. Џихадот на Аллаховиот пат.“رواه مسلم