231 hadiths
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Подобро е човек да го извршува намазот во џемат, отколку да го извршува дома или на пазар, дваесет и повеќе пати. Тоа ќе го постигне кога ќе земе целосен абдест, а потоа ќе дојде во џамија само заради намаз. За секој чекор што ќе го направи ќе биде воздигнат за еден степен и ќе му се прости еден грев, сè додека не влезе во џамијата. Кога ќе влезе во џамијата и ќе почне да клања, сè додека намазот го држи таму на местото каде што клања, за тоа време мелеците ќе се молат за него со следни зборови: ,Аллаху, смилувај Му се, Аллаху, прости му, Аллаху, прими му го покајанието‘. Така ќе се молат за него сè додека не вознемири некого или додека не го изгуби абдестот.“متفق عليه
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека го слушнал Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „,Што мислите, кога некој од вас би имал река пред својата врата и би се капел во неа петпати на ден, дали би останало нешто од неговата нечистотија?‘ Тие рекоа: ,Не, нема да остане ништо од неговата нечистотија.‘ Тогаш тој рече: ,Тоа е примерот на петте дневни намази со кои Аллах ги брише гревовите.‘“متفق عليه
Абдурахман ибн Ебу Лејла рекол дека се сретнал со Каб ибн Уџрете, а тој го прашал: „Дали сакаш да ти дадам подарок?“ Алаховиот пратеник еднаш дојде пред нас и го прашавме: „,О, Аллахов Пратенику, ние знаеме како да те поздравиме со селам, но како можеме да испратиме салават врз тебе?‘ Пратеникот ни рече: ,Кажете: Алахумме салли 'ала Мухамедин ве 'ала али Мухамед, кема салејте 'ала али Ибрахиме, иннеке Хамидун Меџид. Аллахумме барик ала Мухамедин, ве ала али Мухамед, кема баректе ала али Ибрахим, иннеке Хамидун Меџид.‘ (Аллаху наш, нека Твојата благодат биде врз Мухамед и врз семејството на Мухамед, како што беше и врз Ибрахим и семејството на Ибрахим, Тебе ти припаѓа благодарноста и Ти си Славениот. Аллаху наш, нека Твојот благослов биде врз Мухамед и семејството на Мухамед, како што беше врз Ибрахим и врз семејството на Ибрахим, Тебе ти припаѓа благодарноста и Ти си Славениот)“متفق عليه