231 hadiths
Абдулах бин Селам, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пристигна во Медина, луѓето се собраа околу него и велеа: ,Пристигна Божјиот пратеник!‘ – трипати. Потоа и јас отидов заедно со луѓето за да го видам, и кога го здогледав неговото лице, веднаш сфатив дека тоа не може да биде лице на лажливец. Првите зборови што ги слушнав од него беа: ,О луѓе, ширете го селамот, нахранете ги гладните, одржувајте ги роднинските врски и клањајте ноќе додека луѓето спијат – ќе влезете во Џенетот со мир.‘“رواه الترمذي وابن ماجه وأحمد
Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше најдарежливиот човек во правењето добро, а неговата дарежливост беше најизразена во месецот рамазан, кога Џибрил, алејхи селам, го посетуваше. Џибрил го посетуваше секоја ноќ сè додека месецот не завршеше, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му го изложуваше Куранот. Кога Џибрил, алејхи селам, ќе го посетеше, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, стануваше подарежлив и од ветерот што носи благодати.“متفق عليه
Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема денови во кои доброто дело му е помило на Аллах од овие денови“, т.е. во првите десет дена од месецот Зул-Хиџе, асхабите прашале: „Алахов Пратенику дури ни џихадот на Аллаховиот пат?“ Пратеникот, алејхи селам, рекол: „Ниту џихадот на Аллаховиот пат, освен ако човек отиде во џихад носејќи го со себе неговиот имот, и не се врати од таму (ни тој ни имотот).“رواه البخاري وأبو داود، واللفظ له
Од Каб бин Уџре, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Зборовите за кои, ако човек ги изговори по секој задолжителен намаз, нема да биде во загуба: триесет и трипати ,Субханалах‘, триесет и трипати ,Елхамду лиллах‘ и триесет и трипати ,Аллаху екбер‘“.رواه مسلم
Од Адиј бин Хатим, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Со секој вас, Аллах ќе зборува без преведувач кој ќе посредува. Тогаш, човекот ќе погледне на десната страна и ќе го види само она што го направил, па ќе погледне на левата страна и ќе го види само она што го направил, ќе погледне пред себе и ќе го види само Огнот пред своето лице. Затоа, одбранете се од Огнот, макар и со половина урма.“متفق عليه