TopicДоблести и манири
288 hadiths
288 hadiths
Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Понижен е, понижен е, понижен е!‘ Прашале: ,Кој, о Аллахов пратенику?‘ Одговорил: ,Оној кој ќе ја дочека староста на своите родители, едниот или обајцата, и покрај тоа нема да влезе во Џенетот.‘“رواه مسلم
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, вели: Еднаш, додека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше на пат кон Мека, помина покрај една планина наречена Џумдан и рече: „,Продолжете напред, ова е Џумдан. Успеаја оние што се издвојуваат (муферидун).‘
Прашале: ,Кои се тие што се издвојуваат, о Аллахов пратенику?‘ Тој одговорил: ,Тоа се мажите и жените што го спомнуваат Аллах многу.‘“رواه مسلم
Од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Ќе им биде простено на сите мои следбеници, освен оние кои јавно ќе го разгласат (гревот). Јавно разгласување на гревови е кога некој ќе направи нешто во текот на ноќта, а наутро, откако Аллах ќе му го сокрие тоа, ќе повика некого и ќе му рече: ,Синоќа направив тоа и тоа.‘, тој заспал со грев сокриен од својот Господар, а се разбудил споделувајќи го она што Аллах го сокрил од другите.“متفق عليه
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О Ебу Сеид! Оној што ќе биде задоволен со Аллах како Господар, со исламот како вера, и со Мухамед како веровесник – за него Џенетот станува задолжителен.“
Тоа многу го зачуди Ебу Сеид, па рече:
„Повтори ми го тоа, о Аллахов пратенику!“
Тој му го повтори, а потоа додаде:
„Има уште едно дело преку кое робот ќе биде воздигнат за сто степени во Џенетот – а растојанието меѓу секој степен е колку растојанието помеѓу небото и земјата.“
Рече: „А кое е тоа, о Аллахов пратенику?“
Тој одговори: „Џихадот на Аллаховиот пат. Џихадот на Аллаховиот пат.“رواه مسلم
Вахши бин Харб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: „Му рековме на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,О, Божји пратенику, јадеме, а не се заситуваме.‘
Тој праша: ,Да не јадете одделено?‘
Рековме: ,Да.‘
Тогаш тој рече: ,Соберете се заедно околу храната и спомните го Аллаховото име над неа – тогаш ќе има бериќет за вас во неа.‘“رواه أبو داود وابن ماجه وأحمد
Се пренесува од Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал: „Делата се ценат според намерата, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил, па така тој што наумил да направи хиџра кон Аллах и Неговиот пратеник, хиџрата ќе му биде кон Аллах и Неговиот пратеник, а кој наумил преселба заради корист од овој свет или заради брак со некоја жена, тогаш неговата преселба ќе биде за тоа што за што ја наумил.“ Во предание кое го пренесува Бухари стои: „Делата се ценат според намерите, а на секој човек му припаѓа тоа што го наумил.“متفق عليه