231 hadiths
Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со него и неговиот татко, раскажува: Еден човек го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека тој бил на минберот: „Што мислиш за ноќниот намаз?“
Тој одговорил: „Два по два (реката). А кога ќе се уплаши од настапувањето на сабахот, нека клања еден рекат – кој ќе му биде витр (непарен) на она што го има клањано.“
И навистина, тој, салаллаху алејхи ве селем, знаел да каже: „Витрот нека биде последен од вашиот намаз во текот на ноќта,“ – Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го наредил тоа.متفق عليه
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, раскажува: „Еден слеп човек дојде кај Пратеникот, алејхи селам, и му рече: ,Немам водич кој ќе ме води во џамија.“, и побара од Аллаховиот пратеник, алејхи селам, да му дозволи да се моли дома, па му дозволи. Меѓутоа, штом се сврте од него, го повика и го праша: ,Дали го слушаш езанот за намаз?‘ тој одговори потврдно, а Пратеникот му рече: ,Тогаш мора да се одѕвиеш.‘“رواه مسلم
Од Абдуллах ибн Амр ибн ел Ас, радијаллаху анху, се пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратене салават врз мене, зашто оној кој ќе испрати еден салават кон мене, Аллах ќе испрати врз него десет салавати.
Потоа, замолете Го Аллах да ми го подари Весилех, зашто тоа е едно посебно место во Џенетот, кое му припаѓа само на еден од Аллаховите робови, и се надевам дека тоа сум јас.
Кој ќе побара Весилех за мене, нему ќе му припадне мојот шефаат.“رواه مسلم